Новите надежи го положија тестот - го распарчија Работнички

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години забележа убедлива победа од 4-0 над екипата на Работнички на пријателскиот натпревар во Охрид.

Стрелци за младата селекција на овој меч беа Сефер Емини во првото, односно Емир Скендери, Марио Илиевски и Јован Манев во второто полувреме. Инаку, тренерот на Работнички, Маријанчо Андрески, на овој дуел излезе со комбиниран тим, а им даде шанса на дел од помладите фудбалери кои треба да се наметнат за пролетниот дел од шампионатот.

Од друга страна селекторот Благоја Милевски можеше да го види целиот потенцијал на младите фудбалери.