„Најважната лекција по Австрија е да продолжиме да веруваме во нашиот квалитет“

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски посочи дека најважната лекција која како поука ја извлекле тој и македонската репрезентација после поразот на првиот меч на дебито на Европското првенство е дека треба да продолжат да веруваат во својот квалитет, но сега против Украина да идиграат на ниво до последна секунда.

ОД БУКУРЕШТ, 
НИКОЛА БОГОЈЕВСКИ

Македонија утре од 15 часот го игра вториот меч на ова Европско првенство против Украина, меч на кој е да се биде или не и за двете селекции, после нашиот пораз од Австрија со 1-3 односно поразот на Украинците од Холандија со 2-3 во првото коло во неделата. После поразот од Австрија во последните 13 минути од мечот, селекторот посочи дека најголема лекција дека мора да одиграме сконцентрирано до последна секунда

„Најважната лекција после поразот од Австрија е пак да веруваме дека имаме квалитет, а ние одигравме со Австрија квалитетни 80 минути, бевме тим кој сакаше да победи, не игравме бункер, не калкулиравме, туку сакавме да дадеме гол, имавме една шанса преку Николов, две полушанси, кои не ги искористивме и по една деконцентрација, грешка, но и одличен центаршут на Алаба примивме гол и загубивме. Ова е Европско првенство и треба да си сконцентриран до последна секунда, зашто играме со екипи од највисок ранг. Само така може да стигнеме до позитивен резултат“, рече Ангеловски.