Надежите до 17 години со две контролки против Кипар, тие до 15 години на тестови со Турција

Двете младински селекции на Македонија, до 15 и до 17 години ќе имаат по два теста во следната недела, помладите во Истанбул против Турција, додека две години постарата генерација во Струмица против врсниците од Кипар.

Надежната селекција до 15 години против турските врсници во Истанбул ќе одигра две пријателски средби на 22 и 25 август, а ова е селекцијата која воглавно е составена од фудбалерите кои се дел од Академијата на ФФМ и ги предводи поранешниот вардаров напаѓач, Драган Начевски.

Начевски ги избра Коста Стојановски, Херолинд Реџепи, Ринор Цека, Дадијан Денковски, Фадиљ Исламовиќ, Ердин Мамути, Стефан Јорданоски, Гројан Петковски, Лука Лазаревски, Антонио Сталески, Мартин Џангаровски, Стефан Темелков, Лука Георгиоски, Матеј Петков, Сеит Руфати, Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Херолид Селими, Мартин Атанасовски, Бојан Митушкоски, Ахмет Сејдини, Јане Симоновски, Стефан Петровски, Андреј Цветковски, Михаил Митревски, Аријан Рамадани, Аријан Џафери, Марко Божиноски, Јаков Стојковски, Матеја Масев. Собирот е задутре.

Селекцијата до 17 години, пак, своите два меча во Струмица ќе ги игра на 22 и 24 август против Кипар, а селекторот Дашмир Беари кој за два дена ќе ги собере избраниците, повика 21 играч за овие тестови

Голмани: Давид Илоски (Академија Пандев), Онур Бесир (Шкендија);

Одбрана: Златко Радевски (Вардар), Игор Ристов (Брера А..П.), Никола Ангелов (Брера А.П.), Артан Исмаили (Шкендија), Лука Атанасовски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Емир Шаботиќ (Вардар);

Среден ред: Марко Киш (Њу Старс), Здравко Перески (Брера А.П.), Каменчо Андоновски (Работнички), Албион Муслиу (Шкендија), Алмир Јакупи (Арау, Швајцарија), Ариф Локи (Хвидовре, Данска);

Напад: Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П.), Флорим Далипи (Фац Виена, Австрија), Хисар Али (Шкендија), Беркај Шаини (Работнички), Лука Макаловски (Македонија Ѓ.П.), Един Атоски (Јанг Бојс, Швајцарија);