
„Му викаа на голманот дека ќе му шутирам десно, а не знаеа дека ги разбирам што зборат“
Ливак во дел од својата кариера играше во Босна и Херцеговина, па после година ипол таму, го научил јазикот и сега вели дека босанскиот е сличен на македонскиот, доволно за да разбере какви совети добил нашиот голман Шишковски пред пеналот, а доволно за тој да избере друга страна за да погоди.
„Играв во Сараево година ипол и во Босна се зборува слично како во Македонија, па од зад грб ги слушнав, мислам дека беше центрачниот дефанзивец, како му вика на голманот (Шишковски – н.з.) дека ќе му шутирам десно. Тоа беше клучен момент, решив да го сменам шутот и погодив“, откри Ливак