Младинските селекции ги дознаа ривалите за квалификациите догодина

Македонските фудбалски репрезентации до 17 и 19 години на денешната ждрепка ги дознаа противниците кои ќе ги имаат во квалификациите за Европските првенства (ЕП).

Македонските репрезентативци до 17 години ќе играат во групата 9 во која ќе се соочат против Франција, Исланд и Луксембург, додека фудбалерите до 19 години се сместени во групата 10 во која уште се наоѓаат Србија, Норвешка и Сан Марино.

Квалификациите ќе се играат догодина, додека Европските првенства се закажани за 2023 година.