Милевски објави список од 27 фудбалери за пријателските дуели со Хрватска и Чешка

На почетокот од јуни, македонската фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари со силни противници, а селекторот Благоја Милевски денеска објави список од 27 фудбалери на кои ќе смета за овие дуели.

Ривали на Македонија ќе бидат Хрватска на 3 јуни во Риека и Чешка во Храдец Кралове една недела подоцна. Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Скопје на 27. мај во 12:00 часот.  На списокот се наоѓаат овие фудбалери:

ГОЛМАНИ: 
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан Шишковски - Арарат, Ерменија, Игор Алексовски - Работнички, Дејан Илиев - Сараево, БиХ

ОДБРАНА: 
Висар Муслиу - Падерборн, Германија, Тодор Тодоровски - Политехника Јаши, Романија, Никола Серафимов - Фехервар, Унгарија, Јован Манев - Адана Демирспор, Турција, Езѓан Алиоски - Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан Димовски - Акрон Тољати, Русија, Ахмед Иљазовски - Хвидовре, Данска, Стефан Ашковски - Алашкерт, Ерменија, Ѓоко Зајков - Крајова, Романија , Дарко Велковски - Динамо Букурешт, Романија; 

СРЕДЕН РЕД: 
Енис Барди - Трабзонспор, Турција, Јани Атанасов - Краковија, Полска, Агон Елези - Бохум, Германија, Тихомир Костадинов - Пјаст Гливице, Полска, Давор Здравковски - Медервел, Шкотска, Елиф Елмас - Лајпциг, Германија, Исник Алими - Сепси, Романија, Димитар Митровски - Вараждин, Хрватска; 

НАПАД: 
Бојан Миовски - Абердин, Шкотска, Милан Ристовски - Бохемианс 1905, Чешка, Дарко Чурлинов - Шалке, Германија , Александар Трајковски - Хајдук, Хрватска, Лирим Ќамили - Хвидовре, Данска;