Чалханоглу сака трансфер во Баерн Минхен, Интер е отворен за продажба!

Интер би можел ова лето да го продаде Хакан Чалханоглу, најзагреан за него е Баерн Минхен кој води напредни преговори со Турчинот.

„Билд“ пишува дека Баерн Минхен почнал преговори со Чалханоглу и силно посакува да го ангажира турскиот фудбалер.

Преговорите се во напредна фаза, но останува да се види дали ќе биде постигнат договор меѓу двата клуба.

Интер ќе бара сума од околу 50-60 милиони евра. Тие сакаат да го продадат Чалханоглу, а поголема минутажа да добијат Фратези и Аслани.