Македонските навивачи треба да се пријават во ФФМ за билет(и) за Италија, цената – 12 евра
Слично како за влезниците за Европското првенство летоска, македонските навивачи ќе треба да се пријават преку и-мејл за купување на влезници и тоа најмногу до четири влезници, а потоа ФФМ во зависност од бројката на заинтересирани ќе им даде пристап за преку италијанскиот портал за влезници ќе може да ги купат.
ФФМ информира дека бројот на влезници е ограничен според бројката што е достапна за македонските навивачи кои ќе бидат сместени во навивачки сектор на „Ренцо Барбера“ во Палермо, а цената е 12 евра.
ФФМ истовремено ги објави и регулативите на италијанските власти за почитување на правилата во услови на пандемија.
„Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот Италија - Македонија во Палермо на 24. март за пласман на СП 2022, од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса - bileti@ffm.com.mk
Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.
Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата bileti@ffm.com.mk, најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк:
Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи.
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12 евра“, објави ФФМ.