Македонија У19 ги доби противниците во елитните квалификации за ЕП 2024

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за елитните квалификации за пласман на Европското првенство до 19 години кое ќе се игра во Северна Ирска.

Фудбалската репрезентација на Македонија се падна во групата 7, заедно сме со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат само победниците во седумте групи кои ќе му се приклучат на домаќинот, Северна Ирска.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат од 18 до 26 март во турнирски систем.