Македонија напредуваше три позиции после епската победа со Германија

Македонската фудбалска репрезентација и официјално напредуваше три позиции на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), после победата над Германија со 2-1 во мундијалскиот квалификациски циклус, во кој по отварањето и воведните три кола, црвено-жолтите освоија шест од деветте бода.

ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ

Иако во некои други времиња победата над Германија ќе донесеше многу поголем скок на ранг-листата, според актуелното ело-рангирање, Македонија напредува за три позиции до 62-то место на ранг-листата, а сето тоа и зашто загубивме сериозни бодови со несреќниот и наивен пораз во Букурешт од Романија со 2-3 во првото коло.

Македонија со скокот од три позиции сега има 1.374,73 рејтинг поени, за помалку од два од ДР Конго, а црвено-жолтите сега се пред Словенија, Црна Гора, Албанија на листата.

Од противниците на Евро 2021 летово, Холандија е на 16-то место со пад од две позиции, Австрија е на 23-то место, каде остана и во однос на претходното рангирање, додека Украина е место под Австријците на 24-то место.

Од нашите противници во циклусот за СП 2022 во Катар, Германија ѝ покрај поразот од Макеоднија напредуваше за едно место, Романија е на 43-то место со пад од дури шест позиции, а толку падна и Исланд и сега е 52-ри, додека Ерменија поради трите победи во циклусот напредуваше дури девет позиции и сега е на 90-то место. Лихтенштај, падна пет места, па сега е на 186-то место.

На врвот на листата е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска која сега е член на топ десет.