Македонија ја завршува 2019 година на 68. место - исто како и лани
Ранкингот на нашиот национален тим беше очекуван со оглед на фактот дека од последното рангирање до сега немаше натпревари на интернационалната сцена. Македонија има 1.347 поени, а и лани заврши на истата позиција (68).
Ова всушност е и нашиот најдобар ранкинг годинава, бидејќи дури четири месеци завршувавме на 68-та позиција. Најслабо бевме рангирани во јуни кога бевме на 73-тата позиција. Колку за потсетување нашиот најдобар ранкинг во историјата е 46-тата позиција во октомври 2008 година.
Нашиот следен противник во плеј-офот во Лигата на нации, Косово остана на 115-тото место на ФИФА-листата.
На врвот исто така немаше промени па Белгија останува лидер пред Франција и Бразил. Англија е четврта, а потоа следуваат Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колубија, која ги заокружува најдобрите 10 светски репрезентации.