Македонија без Адеми во квалификациите во септември и октомври?

Динамо Загреб славеше со 2-0 против Омонија во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ), но хрватскиот гигант остана без македонскиот репрезентативец и капитен, Аријан Адеми кој заработи повреда во завршницата на првото полувреме.

Хрватските медиуми пишуваат дека Адеми ќе оди во четврток на дополнителни прегледи, по што ќе биде познато колку време ќе паузира македонскиот фудбалер, а прогнозите воопшто не се добри ниту за играчи, ниту за Македонија.

Адеми би можел да паузира до три месеци, а тоа значи дека најверојатно ќе ги пропушти натпреварите од мундијалските квалификации на Македонија во септември и октомври.

Македонија во септември треба да игра против Ерменија, Исланд и Романија, додека во октомври се закажани пресметките против Лихтенштајн и Германија.