Маестро Трпчевски: Играта на Македонија да биде течна како музиката од моето пијано!

Еден од најголемите македонски културни амбасадори, чие име предизвикува респект во целиот свет, Симон Трпчевски, синоќа имаше концерт во Букурешт, кој го изведе во дрес и со шал на Македонија во знам на поддршка на фудбалерите на ЕУРО 2020, а по чие завршување упати порака до нив во пресрет на денешниот дуел со Украина (15 часот).

Големиот маестро вели дека спортот и културата секогаш биле блиски и сплотени, поради што на избраниците на селекторот Игор Ангеловски им посвети цел од дел и тоа „Омажот на Едит Пјаф“ од Франсис Пуленк.

„Ова е за нашите фудбалери. Нека вашата игра биде течна како убавината на музиката, како нотите од моето пијано“, порача Трпчевски.

Специјални гости на концертот беа дел од репрезентативците и членовите на стручниот штаб на националниот тим.

„Букурешт овие денови 'гори' од Македонците, а Романците ни се одлични домаќини. Напред Македонија“, порача маестро Симон по концертот.

Дуелот на македонските фудбалери против Романија се игра на „Националната арена“ и е од второто коло од ЕУРО 2020. Тој е клучен за двете селекции за пласман во втората фаза, со оглед што Македонија на стартот загуби од Австрија (1-3), а Украина од Холандија (2-3).