Левандовски: На Македонија ѝ дозволивме само да шутира од далечина!

Бундеслигашката ѕвезда во Баерн Минхен, Роберт Левандовски, капитенот на Полска посочи дека вечерва заслужено победиле против Македонија и одиграле тактички зрело за да си го заверат пласманот на Евро 2020 низ Европа.

Левандовски денеска не ѝ даде гол на Македонија, го сторија резервистите Франковски и Милик, но Полска се израдува на ново учество на континентален шампионат и тоа после убедлив настап со нашата селекција.

„Денеска имавме сè што ни требаше. Пред се трпение, кое е многу важно во вакви мечеви. После првиот дел сфативме дека имаме шанси и дека голот ќе дојде. Знаевме како да се движиме, што да правиме и на Македонија ѝ допуштивме само да шутира од далечина. Со овој пласман, сега се надевам дека како тим ќе се развиваме и ќе растеме. Нормално во ноември секако сакаме да освоиме бодови, но пред сè да поправиме тоа што е лошо, а да го надоградиме тоа што е добро. Сега може да уживаме во пласманот, но од утре повторно не чека работа“, вели Левандовски.