Крстајиќ: Македонија е добар тим, но ние ќе се обидеме да победиме

Македонската фудбалска репрезентација утре ја пречекува Бугарија во последниот натпревар од ова издание на Лигата на нации. 

Бугарскиот селектор Младен Крстајиќ ја предводеше селекцијата на нашиот источен сосед до победа од 5-1 минатото коло против Гибралтар. Тој сега се надева дека мотивацијата и самодовербата на тимот ќе биде присутна и утре против Македонија. Тој очекувано не сакаше да ги коментира политичките тензии помеѓу двете земји во последните месеци. 

„Нема натпревари без важност. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Натпреварот со Гибралтар е минато, раковме дека ќе победиме и навистина победивме. Важно е за бугарскиот тим да им концентрација 90 минути и желба за победа. 

Македонија е добар тим, очекувам тежок натпревар, би сакал да ја имаме истата енергија како и на мечот со Гибралтар. Ве молам ова да го преведете точно (кон преведувачот), бидејќи разбирам бугарски. Игравме со голем адреналин и истото го сакам и утре. Треба да излеземе на теренот фокусирани, тоа е нашата задача.

Ситуацијата надвор од теренот? Тоа е работа на политичарите. Ние ќе играме атрактивно колку што ќе ни дозволи ривалот. Ако загубиме, како би играле атрактивно? Ако е добар резултатот, значи сме играле добро. Моите играчи се способни за такви работи“, рече Крстајиќ на прес-конференцијата во Скопје.