
Кашиа: Сега сме во друго расположение, не сакам да се сеќавам на поразот во финалето
Горан Пандев го реши финалето пред празната „Динамо Арена“, поради пандемијата со ковид-19, но сега во битката за прво место во оваа трета сезона во Лигата на нациите, Грузија ќе има поддршка од безмалку 55 илјади грла во обид да дојде најмалку до бод за заверка на пласманот во баражот за Еуро 2024.
„Нам навивачите никогаш не ни биле притисок, туку само дополнителна мотивација. Секојпат сме се радувале на полн стадион, а тие само може повеќе да нѐ мотивираат. И сега сме во едно друго, поинакво расположение, па не сакам ни јас, ни соиграчите да се сеќаваат на тој пораз во финалето од Македонија. Сега сме во добра форма, сите играме“, рече Кашиа.