Гол на Барди за Трабзон - го лобуваше голманот со глава! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди покажа дека заслужува да остане во Трабзонспор, доби шанса од првата минута и веднаш постигна убав гол.

Барди даде гол во деветата минута од натпреварот, македонскиот фудбалер со глава го лобуваше противничкиот голман и му донесе водство на Трабзон на гостувањето кај Хатајспор од 1-0.

Цел јануари се шпекулира дека Трабзон сака да го продаде Барди во овој преоден рок. Овој гол можеби ќе го предомисли раководството на клубот, но можеби и ќе го зголеми интересот кај другите клубови за него.