Германец ќе ја дели правдата на мечот меѓу Македонија и Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација со реми против Фарски Острови (1-1) го почна новото издание во Лигата на нации, а следниот предизвик го има на 10 септември против Ерменија во Скопје.

Правдата на мечот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја дели 39-годишниот германски судија Харм Осмерс.

Натпреварот е закажан за вторник од 20.45 часот, а Македонија ќе се обиде да ја оствари првата победа во Лигата на нации.