Германците оставија свињарник зад нив на скопскиот стадион! (ВИДЕО)

Германија славеше со 4-0 против Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ и обезбеди пласман на Светското првенство (СП) во Катар, но ретко кој можеше да замисли дека соблекувалната на Германците ќе биде како свињарник откако ќе си заминат „панцерите“ од стадионот.

Германскиот новинар Штефан Краус објави видео од соблекувалната на германската фудбалска репрезентација, а може да се забележи како е направен вистински хаос и на сите страни се расфрлани шишиња, лименки и останати отпадоци.

Видеото може да се погледне ТУКА и на линкот во продолжение.