Газета дело спорт: Пандев ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова!

Официјалниот крај на репрезентативната кариера, со мечот против Холандија на ЕУРО 2020, најверојатно нема да биде и дефинитивно збогување на Горан Пандев со фудбалот, откако од Италија доаѓаат информации дека македонскиот мајстор ќе игра уште една сезона.

Според „Газета дело спорт“, популарниот Гоче наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова, со цел да му помогне на тимот и во следната сезона од Серија А.

Пандев се уште нема официјално потврдено дали ќе замине во целосна пензија или ќе го продолжи својот играчки опус, но добро информираните италијански новинари веќе најавуваат дека е прашање само на денови кога тој ќе потврди дека барем за една година ќе го одложи повлекувањето од фудбалот.