Фудбалските херои влегоа во битка за помош на малиот Јаков (ФОТО)

Македонските фудбалски репрезентативци се приклучија на акцијата за помош на двегодишниот Јаков, откако прифатија да се потпишат на нивна заедничка фотографија од настапот на ЕУРО 2020, со цел да биде продадена на аукција, а парите вкучени во фондот за лекување.

Почетната цела е 1.000 евра, а ова е втор обид да се продаде со оглед на првиот немало заинтересирани. Јаков иако има само две години, веќе мораше да помине низ две тешки операции за двапати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Заради специфичната моментална здраствена состојба, малиот Јаков мора ИТНО да замине во странство за да го продолжи своето лекување, а за што на родителите им е потребна помош.

Аукцијата се одвива на Твитер и ќе трае 24 часа, што е можност за сите хумани луѓе да се вклучат и заеднички да се обидат да го спасат малиот голем борец. А, зошто и самите репрезентативци да не да се вклучат во акцијата за помош.