Фудбалската репрезентација пристигна во базата во Швајцарија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација попладнево стигна во својата база во Швајцарија каде ќе биде стационирана до дуелот против Лихтенштајн, закажан за сабота.

Нашите фудбалери се во местото Бад Рагаз, кое е на 20-тина километри од Вадуц, но се наоѓа во Швајцарија. Утре ќе тренираат на стадионот на кој ќе се игра натпреварот, в сабота од 15 часот.

Натпреварот против Лихтенштајн е во рамките на првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.