Фудбалерите до 18 години поразени од Украина со автогол на нашиот голман

Фудбалската репрезентација до 18 години загуби со 2-1 од Украина на првиот натпревар на меѓународниот турнир „Вацлав Јежек“ во Чешка.

Нашите фудбалери поведоа во четвртата минута од натпреварот со голот на Методиј Максимов. Украина изедначи во финишот на првото полувреме преку Слусиар. Конечниот резултат беше постигнат во 82-та минута, кога нашиот голман Николовски си постигна автогол по центаршутот на еден противнички фудбалер.

За Македонија денеска играа: Иван Николовски, Филип Костовски, Александар Ѓурковски, Спасе Терзиев, Али Асани, Димитар Тодоровски, Иван Николов, Лука Станковски, Бехар Фета, Методиј Максимов, Марио Илиевски. 

Резервни играчи: Христијан Китановски, Имран Фетаи, Влада Новески, Ерен Парталко, Азер Омерагиќ, Хамза Рамани, Алтрим Јакупи.

Утре нашата репрезентација игра против Словачка во 17 часот.