Фудбалерите до 17 години со победа ги завршијa квалификациите за ЕП
Македонските млади фудбалери во првите две кола претрпеа убедливи порази од Шпанија и Словачка успеаа да слават над Естонија во еден ефикасен натпревар со шест погодоци.
Уште по првото полувремем Македонија имаше предност со 0-3, два гола постигна Бранковски, а еден беше дело на Грашевски. Во вториот дел Бранковски комплетираше хет-трик, додека нашата мрежа ја погодуваа Алама и Палберг.
Квалификациите ги завршуваме како трети во групата со три бода, колку што има Естонија зад Шпанија и Исланд кои се со по три повеќе.