„Еуроспорт“ ги посочи Пандев и Барди како главни ѕвезди кои доаѓаат од малите земји (ФОТО)

Македонија за неколку дена ќе дебитира на Еуро 2020, а новинарот на „Еуроспорт“, Пит Шарланд направи листа од девет фудбалери за кои смета дека ќе привлечат внимание на Европското првенство (ЕП).

На листата од девет фудбалери има место и за македонските репрезентативци Енис Барди и Горан Пандев, кои ќе бидат едни од главните играчи на Македонија на Еуро 2020.


 

„Барди е вистински техничар и ги изведува сите прекини. Ниту еден фудбалер во Шпанија нема постигнато повеќе голови од слободни удари откако пристигна освен Лионел Меси“, пишува меѓу другото за македонскиот фудбалер.


„Тој е четвртиот највозрасен фудбалер на турнирот. Можеби некои ќе бидат изненадени што Пандев игра на 37 години, но тој не само што игра, туку е еден од најважните фудбалери на Македонија. Неговата лева нога е опасно оружје“, пишува за македонскиот капитен.