Елиф Елмас: Не се битни моите голови, битни се победите на Македонија!

Македонија вечерва запиша важна победа од 2-1 против Словенија на Националната Арена „Тодор Проески“, а македонскиот бисер Елиф Елмас беше феноменален и двапати ја затресе противничката мрежа.

Елмас беше пресреќен по победата на Македонија, па кажа дека е прекрасно чувството цел стадион да го скандира неговото име и презиме, а притоа додаде дека се радува што се вратиле навивачите на трибините. 

„Среќен сум што ја добивме Словенија. Не се битни моите голови, битни се победите на Македонија и како играме ние. Му благодарам на селекторот што ни го покажа патот како да ја победиме Словенија. Прекрасно е чувството да го скандираат моето презиме. Важно е тоа што ги вративме навивачите. Сега ни е отворен патот кон Европско првенство, па тоа зависи од нас“, рече Елмас.