Дончевски ги изненади фудбалерите: Јунаци, знаев дека ќе дојде генерација како вас! (ВИДЕО)

На денешниот тренинг на македонската фудбалска репрезентација, се појави првиот селектор на Македонија, легендарниот Андон Дончевски кој ги поздрави фудбалерите, а за возврат доби дрес со неговото презиме.

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски денеска се појави на тренингот на фудбалерите кои се подготвуваат за квалификацискиот меч против Малта кој го играме во четврток.

„Јунаци, моја почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавте. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им рече Дончевски на фудбалерите.

Капитенот Стефан Ристовски му подари дрес од македонската репрезентација на Дончевски со неговото презиме, а тој вети дека ќе го носи и ќе навива за нив.