Десподов: За нас е само натпревар, за Македонците нешто повеќе

Капитенот на Бугарија, Кирил Десподов очекува тензии утре за време на натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија во Лигата на нации. 

Тој напоменува дека овој натпревар е повеќе од само обичен спортски дуел за Македонците. Уверен е во позитивен резултат во Скопје. 

„Дали утре ќе има тензии? Јасно е дека ќе има, но нас не треба да ни биде гајле што велат новинарите или што кажуваат од надвор. Ние мораме да бидеме уште помотивирани, реков и во Разград, ни го гледаме овој дуел само како натпревар, а тие како нешто многу повеќе. Уверен сум дека ќе дојдеме до позитивен резултат. Мораме  да ги следиме инструкциите на селекторот. Утре ќе мораме да одиграме подобро од Македонија, да ги слушаме инструкциите, да покажеме силен карактер, да се бориме на теренот. Уште еднаш велам, ајде да играме подобро од ривалот. Мислам дека сите знаат дека излегуваме на терен само за да победиме и ништо друго. Момците знаат што треба да направат, нема потреба од многу зборување, најважно е да зборуваме на теренот“, рече капитенот на Бугарите.