Битка за врвот: Македонија оди во Ереван по триумф против Ерменија!

Македонската фудбалска репрезентација денеска гостува кај Ерменија во Ереван во рамки на четвртото коло од Лигата на нации и ќе се обиде да слави против ривалот за да направи чекор кон заверка на првото место во групата од Ц-дивизијата.

Македонија ја совлада Ерменија во нивниот прв меч во новото издание на Лигата на нации со 2-0 со головите на Енис Барди и Бојан Миовски, но гостувањата во Ереван не ги памети по добро, затоа што веќе двапати примаше по четири погодоци, и тоа во 2011 година (1-4) и 2018 година (0-4).

Ерменија е „наострена“ поради поразот во Скопје, па ќе се обиде да стигне до одмазда, меѓутоа добра вест за македонската слеекција е тоа што од суспензија се враќаат Ѓоко Зајков и Ниокла Серафимов.

Македонија со евентуален триумф, многу веројатно ќе го освои првото место во својата група. Сепак, ни одговара и реми бидејќи во таков случај и една победа во последните два меча, во ноември на домашен терен, исто така ќе завршиме на челната позиција која носи во повисок ранг.

Во моментов во групата, Македонија е лидер со седум бодови, Ерменија има четири, Летонија три, а Фарски Острови два бода.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра денеска од 18 часот на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван.