Без Муслиу и Зајков, а со нов дефанзивец на мегдан против Фарски острови!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ќе направи неколку замени за претстојниот пријателски дуел против Фарски острови (понеделник) со оглед што Висар Муслиу е ослободен од обврските, а Зајков ќе отсуствува поради повреда, со оглед што со амбулантно возило го напушти синоќешниот дуел против Малта (2-1).

Поради проблемите во дефанзивата, предводникот на жолто-црвените за дуелот дополнително го повика Јован Манев, член на Адан Демирспор. На дуелот против Фарските острови нема да настапи ниту првиот голман Столе Димитриевски, кој доби дозвола да се врати во Шпанија, а исто како и вчера нема да игра и повредениот Аријан Адеми.

Натпреварот Македонија - Фарски Острови се игра в понеделник од 17 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.