Продолжува битката за опстанок: Вардар освои бод против Тиквеш (ФОТО)

Натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш на Националната арена „Тодор Проески“ заврши без победник (1-1) во 17. коло од македонската Прва фудбалска лига.

Тиквеш поведе на гостувањето во Скопје со погодокот на Едиз Спахиу во 41. минута од натпреварот, по што резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме.

Вардар се врати во игра за победа со погодокот на искусниот дефанзивец Ненад Мишковски, кој во 65. минута стрелаше за 1-1, но во продолжение ниту една од екипите не успеа да стигне до втор погодок.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб има 13 бодови и се наоѓа на делба на деветтата позиција со Беса, додека Тиквеш е на дното со само 11 освоени поени.