Работнички се прошета низ Струмица, Шкендија е нов лидер во лигата

Фудбалерите на Работнички го запишаа третиот триумф по ред во Првата лига, откако ја надиграа Брера во Струмица со 3-1, додека Шкендија славеше против Воска Спорт со 1-0 за да го преземе врвот на табелата, а Шкупи со 3-1 ја прегази Струга.

Мазари беше стрелец на првиот гол за „романтичарите“, по што Демири на истекот на регуларниот дел од првото полувреме зголеми на 2-0. Работнички постигна и трет погодок во 68. минута, додека Брера до крајот успеа да намали на 1-3.

Шкупи конечно ја прекина лошата серија во Првата лига и славеше со убедливи 3-0 против големиот ривал Струга. Два гола беа постигнати во првото полувреме преку Геј и Асани, додека третиот погодок падна во 74. минута, додека Струга намали на 1-3 во судиското надополнување.

Шкендија славеше со минимални 1-0 против Воска, а единствен стрелец на голот беше Рамадани во 51. минута од мечот.

Резултати - 17. коло:

Брера Струмица – Работнички 1-3
Гостивар – Силекс 0-0
Пелистер – Беса 1-0
Шкупи – Струга 3-1
Вардар – Тиквеш 1-1
Воска – Шкендија 0-1

Табела:

Шкендија 36, Силекс 34, Гостивар 34, Работнички 34, Струга 29, Шкупи 19, Пелистер 19, Брера 19, Беса 13, Вардар 13, Воска 12, Тиквеш 11.