Македонската женска фудбалска репрезентација го доживеа и вториот убедлив пораз во второто коло од квалификациите за Светското првенство (СП), откако денеска од Скопје со трите бода си заминува Австрија (0-6).

Репрезентативките на Австрија ја скршија одбраната на Македонија по само 12 минути игра, кога Хобингер го пронајде патот до мрежата на Дервиши, а во завршницата на првото полувреме стрелаа и Била и Ашауер за водство од 3-0.

Во вториот дел во мрежата на Македонија завршија уште три удари на противничките фудбалерки, па Била го комплетираше нејзиниот хет-трик, а Ашауер со вториот погодок ја потврди убедливата победа на Австрија од 6-0 во Скопје.

Македонија имаше ужасен старт на квалификациите, откако во првото коло загуби со 0-8 од Англија, па сега по две одиграни кола се наоѓа на последната позиција со катастрофална гол-разлика од 0-14.