Арсенал покажа дека е мајстор за „крадење време“ на мечот против Брајтон

Англискиот гигант Арсенал чекори кон првата титула во Премиер лигата по долга пауза, но дуелот против Брајтон (1-0) предизвика голем број реакции од јавноста.

Тренерот на Брајтон, но и дел од фудбалските експерти го обвинија Арсенал дека намерно „крадел време“ на тешкото гостување, а доказ за тоа е податокот кој го објави новинарот Фабрицио Романо.

Арсенал потрошил дури 30 минути и 51 секунда за да ја врати топката во игра по прекините кои биле регистрирани на дуелот со Брајтон.

Фото: Facebook/Arsenal