Пелистер и Силекс без муниција на дуелот во Битола
Пелистер ја контролираше играта во првото полувреме, но не успеа посериозно да го загрози голот на гостите од Кратово.
Во вториот дел двете екипи тргнаа внимателно и без преголеми ризици на теренот, а најголемата шанса ја имаше Мирчевски по еден час игра кога не успеа да го матира Јовчевски. До крајот на натпреварот немаше посериозни шанси, па двете екипи си поделија по еден бод.
Битолчани се наоѓаат на 10. место со 21 бод, додека Силекс е четврти со 39 поени.
Фото: Пелистер ФК