Шкендија тотално го надигра Вардар и го (на)прави првенството - најнеизвесно досега! (ФОТО+ВИДЕО)
Гостите апсолутно заслужено дојдоа до трите бода, со оглед што доминираа во најголемиот дел од средбата и имаа уште неколку изгледни шанси за зголемување на водството. Вардарци не успеваа да дојдат до можност да ја затресат мрежата на тетовци, а не им успеа ни големиот притисок во последните минути, па првпат сезонава со наведнати глави го напуштија теренот. Стрелец на голот вреден три златни бода беше Љатифи во 66. минута по асистенција на ветеранот Ибраими.
Шкендија со оваа победа го направи првенството супер-интересно, со оглед што дојде на само еден бод негатива во однос на Вардар, кој останува лидер со 52 бодови. Овој пораз е нов показател за кризата во црвено-црниот табор, по сензационалниот пораз од Охрид на пенали. во четвртфиналниот дуел од Купот на Македонија.





