Ангеловски ја смени стратегијата: Пандев и Елмас од почеток, Тричковски во шпицот

Македонскиот селектор Игор Ангеловски ја смени стратегијата за вечерашниот меч со Летонија во Рига (20.45 часот), па три измени претрпе составот за овој дуел во однос на тој пред четири дена во Израел, но и промена има во сратегијата и формациската поставеност.

Иако беа незивесни за настап, капитенот Горан Пандев и младиот Елиф Елмас ќе го почнат овој дуел, а во тимот влегуваат и Александар Трајковски и Иван Тричковски во нападот, додека наместо со тројца стопери, сега Ангеловски ќе започне со четворица во линија, па Кире Ристевски останува на клупата за резерви, како и Илија Несторовски и Бобан Николов, кои беа стартери во Бер Шева.

Македонија почнува со Столе Димитриевски на голот, Висар Муслиу и Дарко Велковски ќе играат како стопери, а Егзон Бејтулаи и Езџјан Алиоски на бековските позиции. Во центрачнот дел на средниот ред ќе играат Аријан Адеми и Енис Барди, полушпиц е Горан Пандев, а по крилните позиции Елмас и Трајковски, додека Тричковски е шпицот.

Македонија има две победи во двата досегашни мечеви со Летонија (2-1, 3-1), а на последниот меч во март годинава Елмас даде два гола, а Алиоски еден за триумф на отворањето на овие евроквалификации.