Ало Шкендија! Оградете се од Балисти или откажете се од МАКЕДОНСКИТЕ титули!

Навивачите на македонскиот шампион Шкендија донеле одлука да навиваат за Косово против Македонија на претстојниот историски бараж во полуфиналето од Лигата на нации, закажан за 26 март (20.45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“, за да им помогнат на Косовците во обидот да се изборат до пласман на Евро 2020. Во Скопје ќе дојдат со косовската група „Дарданианс“ и најверојатно билети ќе добијат преку Косовскиот фудбалски сојуз (КФФ).

За групата чие име е доста спорно и ги симболизира колаборационистите од Западна Македонија со фашистичката оска во Втората Светска војна, одлуката да навиваат за Косово не е изненадувачка, ниту зачудувачка. Оваа група веќе со години е позната по своите испади против Македонија, земјата во која живеат, во која уживаат права како ниту едно друго малцинство низ светот, ама нивните анти-македонски пароли не изостануваат низ годиниве.

За веќе познатите скандирања против Македонците одамна е познато, вадеа пароли погрдно нарекувајќи ја земјата „Монкедонија“, а државата дури и ги наградуваше за промотивни клипови со пари од фондот на Министерството за култура околу фудбалската страст која владее во Тетово. Јасно е дека овие навивачи не може да се сменат, за разлика од чаирските „Шверцери“ кои објавија дека организирано нема да навиваат за Косово, но не дека многу ја сакаат Македонија туку дека нивното срце припаѓа на Албанија.

Во пресрет на историски најзначајниот меч за Македонија, актуелниот двоен првак по ред, речиси да нема соопштение кое го објавила, а да не потенцира колку е важна како клуб за македонскиот фудбал, колку големи инвестиции има во изминативе години... Епа, господа од Тетово, ако навистина сами се прокламирате како лидери во македонскиот фудбал во изминативе две години, тогаш редот е ваш – да ги осудите и да се оградите од сопствените навивачи. Дволичност и двојни стандарди – не поминуваат! Ниту изговори дека „клубот не се меша во навивачките активности, а го интересира само поддршка од своите најверни навивачи на мечевите на Шкендија“.

Ако не, тогаш откажете се од македонските титули! Зашто само ќе потврдите дека не ја признавате земјата на чии титули се радувате, а не ги признавате ни своите фудбалери, кои за жал на сите останати, покажуваат дека гинат за македонскиот дрес. Ако не се оградите, понудете јавно рационално објаснување прво на „вашите“ Муслиу, Бејтулаи (играа за тетовските црвено-црни), а потоа и на Барди, Алиоски и останатите македонски репрезентативци со албанско потекло како тоа на најважниот нивен меч ќе им посакате и ќе навивате против нив за да изгубат и да не им се оствари фудбалскиот сон да играат на Евро 2020.

На потег се тетовци да го покажат вистинското лице!