Зидан се изнервира од новинарско прашање: Мене ми изгледа е*aно одлично!

Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, можеби не го направи „кралскиот“ клуб доминантен оваа сезона, но денешното градско дерби со Атлетико го дочекува од првото место во Ла Лига.

Реал е прв со 14 бода, бод повеќе од Атлетико и четири бода повеќе од најголемиот ривал за титулата, екипата на Барселона. Сепак, Зи-Зу е свесен за критиките кои ги добива во последно време откако по втор пат го превзема тимот од Мадрид.

Французинот исто така добива многу критики за довербата што му ја укажува на Лукас Васкез, иако голем дел од шпанската јавност смета дека не ја заслужува. Дури и по победата на Реал над Осасуна, Васкез беше критикуван за неговиот лош придонес во играта на „кралевите“, иако играше 90 минути.

Зидан не можеше да го избегне новинарското прашање за Васкез на прес-конференција пред градското дерби, кое јасно го изнервира.

Мене тој ми изгледа е*ано одлично. Тоа треба да ви биде јасно, истакна Зидан.

Патем, Васкез беше поврзуван со можно заминување од Реал ова лето, но остана на „Бернабеу“ и очигледно дека Зидан ќе смета на него и оваа сезона.

Натпреварот Атлетико и Реал се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“.