Зидан појаснува: Бејл одби да игра против Баерн Минхен

Зинедин Зидан по натпреварот со Баерн Минхен на „Интернационалниот куп на шампиони“ изјави дека Герет Бејл не беше во составот, бидејќи клубот работи на негова продажба.

Французинот појасни дека изоставувањето на Велшанецот од составот не била негова одлука, туку самиот фудбалер одбил да игра поради трансферот.

„Би сакал да бидам јасен околу ова со сите, особено со Бејл. Прво, никогаш не сум покажал непопочитување кон никого, а најмалку кон еден фудбалер, бидејќи секогаш велам дека играчите се најважни и јас секогаш сум со моите играчи. Второ, јас кажав дека клубот е тој што се обидува да го продаде. Точка. Трето, пред неколку дена Герет не играше, бидејќи тој самиот не сакаше. Тој рече дека клубот преговара за негова продажба и не сакаше да игра токму поради тоа. Засега, Бејл не побара од нас да не игра утре“, изјави Зидан.