Зидан одлучи: Кариерата на Јовиќ во Реал Мадрид е - завршена!

Лука Јовиќ до крајот на преодниот рок ќе мора да си бара нов клуб. Србинот има до 5 октомври да си замине од Реал Мадрид, во спротивно ќе ја грее клупата. 

Голгетерот повеќе не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан. Улогата на резерва на Карим Бензема сезонава ќе ја има Борха Мајорал, кој се врати во својот матичен клуб по двете сезони минати на позајмица во Леванте.

Интерес за Мајорал имаше од Рома, но Зидан одлучил тој да биде вториот голгетер во тимот зад Бензема, а не Јовиќ. За Србинот има интерес од Монако, Милан и Интер, но засега никој нема испратено конкретна понуда.