Зидан: Нема да го изговорам тој збор бидејќи не го сакам

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, „удри“ по своите играчи по поразот од Мајорка со 1-0.

Зидан рече дека најголемиот проблем на неговите избраници е константноста, но истакна дека зборот „загрижен“ не постои во неговиот речник.

Проблемот е што треба да покажеме на секои три дена дека сме добри. Тоа е проблемот, тоа не се случува. Јас нема да кажам дека сум загрижен затоа што не ми се допаѓа тој збор. Но, ако сакаме да успееме оваа сезона, потребна ни е константност, истакна Зидан.

Тој додаде дека Реал не ја покажал својата карактеристична игра.

Се чувствувам лошо затоа што не игравме како што си замислувавме. Почнавме како што започнавме и беше тешко. Во второто полувреме покажавме вознемиреност затоа што не создадовме шанси за гол, додаде Французинот.

Следен меч за Реал е натпреварот во Лигата на шампионите и дуелот од третото коло против Галатасарај во Турција.