Зидан може да здивне: Азар се враќа на теренот

Реал Мадрид вечерва ќе се соочи против Еибар во рамки на 28. коло од шпанската Ла Лига, а добри вести за екипата на Зинедин Зидан е тоа што Еден Азар се враќа на теернот.

Азар во февруари се повреди и мораше да биде опериран, по што го очекуваше долга пауза. Но, коронавирусот му помогна со тоа што се одложи шампионатот, па Белгиецот успешно се рехабилитираше и се врати во форма.

Зидан потврди дека Азар се враќа уште вечерва на теренот, а исто така подготвен за настап е и Марко Асенсио, кој беше повреден.