„Земјотрес“ во Англија: Манчестер сити бил оштетен во клучни моменти и останал без врвот!

Арсенал стана англиски шампион по долги години пауза, но „Атлетик“ објави шокантен извештај кој го потресе Островот затоа што во пресрет на последното коло во Премиер лигата требало Манчестер сити да биде лидер, а не Арсенал.

По разгледување на сите поголеми инциденти во сезоната 2025/26 во Премиер лигата, како пенали, црвени картони и прекршоци пред голови, било констатирано дека „граѓаните“ ќе влегле во последното коло на врвот на табелата, со два поени повеќе од Арсенал.

Два клучни моменти кои се споменуваат се на дербито во Манчестер, кога Диого Далот требало да добие црвен картон. Мечот заврши со победа на Јунајтед од 2-0.

Манчестер сити требало да добие пенал во пресметката со Њукасл, но тоа не се случило, па на крајот „граѓаните“ загубиле со 1-2.

Фото: Manchester City/Facebook