Запакоста и официјално на шестмесечна позајмица во Рома

Давиде Запакоста го напушти Челси и потпиша договор со екипата на Рома. Десниот бек се враќа во татковината како позајмен фудбалер. 

Официјално Запакоста ќе биде позајмен на шест месеци, со опција за уште дополнителни шест. Италијанецот следната сезона ќе го носи дресот со број 2 во таборот на „Римската волчица“ и е вкупно седмото летно засилување за тимот.

Во Челси немаше голема минутажа изминатите две години и одигра 52 натпревари. Претходно играше за Торино и Аталанта во Серија А.