„Загревање“ пред тренинг: Алиоски во Лидс прави циркузи како да е Балотели (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, членот на Лидс очигледно е „мајстор за лудории“ и фудбалер кој е задолжен за атмосферата во соблекувалната. Тоа го признаваат сите негови соиграчи, дел го посочуваат како омилен лик, кој е главен виновник за да ги насмее.

Алиоски уште еднаш покажа дека знае да направи лудорија, по која навивачите и соиграчите паѓаат од смеење. Овојпат се загреваше за тренинг, па скокна како да е – мало дете врз неколкуте перници во тренинг-кампот. На вакви лудории може да му текне на Марио Балотели, ама очигледно и нашиот Џани е „иста крв“ за вакви работи со урнебесниот Италијанец.

И тоа циркузот што Алиоски го прави е во момент кога е повреден, има ситни проблеми, па не играше на последниот меч за Лидс. Очигледно повредата е минато, штом вака левиот бек се забавува.