За шест минути даде хет-трик и ист играч му асистираше! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Алмерија, Луис Суарез за само шест минути успеа да даде три гола против Гранада, а асистент за сите три погодоци беше Рамазани. Мечот заврши нерешено 3-3.

Пред самиот крај на првото полувреме се случи шоу на Луис Суарез, од 41. до првата минута од судиското надополнување фудбалерот постигна три гола.

Како да тоа не е доволно лудо, па стои и фактот дека асистент на сите три погодоци е Рамазани.

Алмерија во второто полувреме успеа да ја прокоцка оваа предност од три гола, Гранада со погодоци на Зарагоза, Санчез и Узуни дојде до реми од 3-3. Гостите промашија и пенал.