За Манџукиќ нема иднина во Јувентус – Хрватот не е во плановите на Сари

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ веројатно летово ќе си замине од италијански Јувентус, зашто не е во плановите на Маурицио Сари, објавија италијанските медиуми.

Според информациите, Сари има поинаква визија за „старата дама“ и во таа нова визија не се вклопува Манџукиќ, па тој ќе добие одврзани раце да си најде нов ангажман за прифатлива цена. Со тоа во моментов во Торино очекуваат понуди од два клуба, кои покажаа интерес претходно, германска Борусија Дортмунд и англиски Евертон.

Манџукиќ падна во втор план, откако Сари најави дека Пауло Дибала ќе има поинаква улога и тоа како напаѓач, а сооглед дека Кристијано Роналдо е во прв план, а можеби и Мауро Икарди, кој чека трансфер во Торино, Хрватот е прекуброен