За малку нова мајсторија: Дирекот го спречи Меси да даде гол од корнер (ВИДЕО)

Аргентинската суперѕвезда на Барселона, Лионел Меси за малку ќе дадеше гол директно од корнер, но Тибо Куртоа имаше среќа во директо кој спречи нов спектакуларен погодок на „ел класико“ во Мадрид вечерва.

Меси изведе фантастичен корнер и го изненади Куртоа, но белгиската „единица“ имаше среќа што не прими гол по кој Барса ќе се вратеше во мечот, а вака на полувреме Каталонците имаат два гола негатива.

Карим Бензема постигна мајсторски гол со петица за водство од 1-0, а Тони Крос од слободен удар со помош на Дест го дуплираше водството.