
Вториот голман на ПСЖ во тешка состојба – паднал од коњ!
Рико синоќа беше резерва на мечот на ПСЖ со Стразбур (1-1) по што формално парижаните само ја заверија шампионската титула и по мечот веднаш заминал во татковината, а утринава на јавање во Андалузија доживеал сериозна несреќа после која со хеликоптер итно бил префрлен во болница.
„Во тешка состојба е“, објави портпаролот на ПСЖ.
Според информации на медиумите, Рико е ставен на апарати за да го одржуваат во живот, а тој има тешка повреда на главата.
Несреќата се случила во близина на својата куќа во Ел Росио во покраината Уелва. Рико во ПСЖ дојде во 2019 година од Севилја и за парискиот гигант има 24 меча.